Agim Sulaj
17 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 8 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.061, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 498 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 101.153.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 2.835 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 496.611 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 86.483 лица. Во моментов во земјата има 12.609 активни случаи.