Agim Sulaj
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 8 пациенти како последица на заразување со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 373, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се детектирани уште 193 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со коронавирусот во земјата се искачи на 10.988.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 491 тестирањe за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 42.627 тестирања за вирусот.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 6.616 лица. Моментално има 3.999 активни случаи.