Zylfije Adem Jakupi
19 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од вирусот Ковид-19 починале уште тројца пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Косово од 634 тестирани примероци сомнителни на коронавирус, 63 резултирале позитивно.
Исто така, излекувани се уште 126 пациенти, со што бројот на досега излекуваните се зголеми на 12.451.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Косово тестирани се вкупно 61.547 лица, од кои 15.002 беа позитивни, со 614 смртни случаи.
Моментално има 1.937 активни случаи на вирусот.