Балкан

Скопје: Се одржа програма за завршување на проектот „Цивилизации и Балканот“

Овој проект беше организиран од страна на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди“ со седиште во Скопје, во рамки на Балканската младинска школа на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB)

Seyyid Emin  | 19.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
Скопје: Се одржа програма за завршување на проектот „Цивилизации и Балканот“ ( Foto: Seyyid Emin / AA )

СКОПЈЕ

Во Скопје се одржа онлајн програма по повод завршувањето на проектот „Цивилизации и Балканот“, што беше организиран со поддршка на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), јавува Агенција Анадолија (АА).

Овој проект беше организиран од страна на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди“ со седиште во Скопје, во рамки на Балканската младинска школа на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB).

Во програмата учествуваа шефот на Одделот за социјални и културни работи на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), Мурат Казанџи, претставникот на оваа дирекција за Северна Македонија, Муса Акдениз, претседателот на Здружението „Фетах Ефенди“, Севба Абдула, претставникот на Фондацијата „Хајрат Балкан“, Емре Араџи, како и студентите што биле учесници во овој проект.

Мурат Казанџи истакна дека претседателот на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), Абдулах Ерен, не успеал да присуствува во оваа програма, пренесувајќи го неговиот поздрав до сите учесници.

Според него, Балканската младинска школа е претворена во престижна програма која се реализира со, како што рече тој, братските земји и заедници.

Тој изрази задоволство што тие како Дирекција на Турците во странство и сродните заедници (YTB) го реализирале овој проект заедно со Здружението „Фетах Ефенди“, нагласувајќи дека секој ден сè повеќе ги развиваат проектите што ги реализираат со други невладини организации во повеќе земји.

„Во оваа насока, овој проект на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди“ во рамки на Балканската младинска школа навистина се одвојува од проектите во другите земји“, рече Казанџи.

Според Казанџи, имаат заеднички вредности со голем број братски заедници на Балканот и многу се важни културните активности што ги одразуваат овие вредности.

„Нашата најзначајна цел е да се создадат квалитетни човечки ресурси“, додаде тој.

Од друга страна, претседателот на Здружението „Фетах Ефенди“, Севба Абдула, рече дека тие како здружение веќе две години соработуваат со Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB) во рамки на Балканската младинска школа, и нагласи: „Сметам дека ние даваме еден различен придонес во Балканската младинска школа. Нашата работа е малку подолгорочна. Се обидуваме да водиме сериозен проект, вклучувајќи ги и нашите работни принципи во ова.“

Абдула истакна дека во рамки на проектот одржале онлајн семинари со различни професори, на турски и на албански јазик читале книги, и на крај студентите учесници во проектот ги презентирале нивните научни трудови што ги подготвиле во овие рамки.

Тој упати благодарност до претседателот на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), Абдулах Ерен, до Дирекцијата (YTB), и до Фондацијата „Хајрат Балкан“, додавајќи дека ќе продолжи нивниот дијалог со Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB).

Претставникот на Фондацијата „Хајрат Балкан“, Емре Араџи, рече дека е задоволен што дале придонес во историјата и цивилизацијата на Скопје, Северна Македонија и Балканот.

Во рамки на програмата, студентите ги презентираа своите научни трудови на албански и на турски јазик, како и приказите на книги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.