Admir Fazlagic
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 140 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 16.557, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие починаа шест лица, претходно заразени со Ковид-19, со што бројката на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 689.
Институтот за јавно здравје на информира дека се регистрирани 60 оздравени пациенти, со што бројката на оздравени пациенти изнесува 13.792.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.076.
Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на Ковид -19, од кои 1.397 во последните 24 часа.