Nuri Aydın
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
АНКАРА (AA) – Според податоците на специјализираната интернет-страница „Worldometer“, во светот од последиците од заразувањето со коронавирусот починаа 11.421 лице, јавува Агенција Анадлија (АА).
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан. Потенцијално смртоносниот вирус бргу се прошири во повеќето земји, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија Ковид-19.
Со коронавирусот досега во светот се заразени вкупно 277.037 лица, а од последиците на заразувањето починаа најмалку 11.421 лице.
Излекувани се 91.981 заболено лице, а моментално на лекување се 172.635 заразени, меѓу кои 7.914 лица во тешка состојба.
Од епидемијата најтешко се погодени Италија, со 4.032 смртни случаи, потоа Кина, со 3.255 починати и Иран, во кој од коронавирусот починаа 1.433 лица.