Hamdi Yıldız
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Милицијата при лидерот на илегалните сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, изврши артилериски напад врз цивилните населби во јужниот дел на либискиот главен град Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на операцијата „Вулкан на гневот“ при Владата на национално помирување на Либија (УМХ), која е лигитимната администрација на оваа земја, со нападот извршен врз цивилните населени места, училишта и институции, примирјето е прекршено.
Емин ел Хашими од прес-службата на Министерството за здравство на оваа земја истакна дека еден цивил е повреден во бомбардирањето врз стариот град во центарот на Триполи.