Zehra Ulucak
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 430.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во светот досега од Ковид-19 се излекувани вкупно 431.536 лица.
Најголем број излекувани лица се регистрирани во Кина, каде што 77.663 лица ја победија борбата против овој вирус.
По Кина следуваат Шпанија со 64.727 излекувани лица, Германија со 64.300, Иран со 43.894, Италија со 34.211, САД со 32.634 и Франција со 27.186 излекувани лица.
Бројот на откриени случаи со Ковид-19 во светот ја достигна бројката од 1 милион 861 илјади и 672, а како последица на овој вирус починаа 114.980 лица низ светот.