Behlül Çetinkaya
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанскиот премиер Имран Kан упати повик до развиените земји, до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш и до меѓународните финансиски институции да ја олеснат исплатата на долговите на земјите во развој, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопораката споделена на Твитер, Kан вели дека економиите на земјите во развој поради епидемијата на коронавирусот влегле во тежок процес.
Потсетувајќи дека САД се обидуваат да ја спасат својата економија со пакети од 2,2 билиони долари, Јапонија со 1 билион долари и Германија со 1 билион евра, Хан рече:
„Ние сме во состојба да понудиме пакет помош во износ од само 8 милијарди долари. Со овој проблем со соочуваат многу земји чии приходи се помалку од долговите. Здравствениот систем опстанува со тешкотии, немаме доволно пари за да ги спречиме нашите луѓе да умираат од глад. Сега веќе се соочуваме и со буџетски дефицит.“
Кан посочи дека борбата на земјите во развој со Ковид-19 е неефикасна поради економската состојба во споредба со борбата на развиените земји.
„Приоритет на развиените земји е да го контролираат вирусот со полициски часови и ограничувања, додека приоритет на земјите во развој е да ја спречат економската криза додека го контролираат вирусот. Од една страна се обидуваме да го заштитиме нашиот народ од епидемијата, од друга страна се обидуваме да го заштитиме и од гладта“, нагласи премиерот на Пакистан, Имран Кан.