Bayram Altuğ
05 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ЖЕНЕВА
Генералнит директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесу изјави дека лекот за новиот тип на коронавирусот е „националното единство“ и „глобална солидарност“, предупредувајќи дека овој вирус уште долго ќе биде со нас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи во Женева, Гебрејесу потсети дека на денешната Конференција за Глобален одговор на пандемијата на коронавирусот, организирана од страна на Европската комисија присуствувале лидери на 40 земји и притоа се собрани 7,4 милијарди евра за поддршка и развој на лек и вакцина против Ковид-19.
Гебрејесу истакна дека настанот е показател за силната лобална солидарност и дека сите треба да бидат подеднакво заштитени.
„Никој од нас не е сигурен додека сите не сме сигурни“, изјави Гебрејесу.
Тој нагласи дека бројот на детектираните новозаразени и починати во некои земји е намален, додека во други се зголемува.
„Овој вирус уште долго ќе биде со нас“, порача Гебрејесу, наведувајќи дека сите мораат да бидат обединети за да се изнајде начин како да се совлада вирусот.
Гебрејесу рече дека лекот за овој вирус е нацинално единство и глобална солидарност.