Emre Aytekin
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА
Во светот од заразувањето со новиот тип коронавирус, Ковид-19, се излекуваа повеќе од 1,3 милион лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
На интернет-страницата „Worldometer“, на која се ажурираат податоците за бројот на заразените, починатите и излекуваните, се наведува дека во светот од Ковид-19 се излекувале 1.303.146 лица.
Најмногу излекувани се во САД (213.109 лица). Следуваат Шпанија (159.359), Германија (139.900), Италија (81.587), Иран (79.379) и Кина (77.957).
Новиот тип на Ковид-19 изби во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а за брзо време дојде до пандемија која го зафати речиси целиот свет. Бројот на заразените надмина 3,8 милиони, а од последиците на заразувањето починаа најмалку 265.096 лица.