Faruk Zorlu
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Либиската војска изврши воздушен напад врз карго-авион кој пренесува оружје и муниција за милитантите лојални на Калифа Хафтар, водачот на илегалните сили на истокот на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Карго-авионот од типот „Антонов“ беше цел на напад откако на 5 април слета на аеродромот во Тархуна, југоисточно од Триполи“, се вели во соопштението на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Владата за национално единство.
Тархуна е главна точка за милициите на Хафтар во нивните напади против Триполи, како и за нивните снабдувачки линии од воздушната база „Ал Јуфра“.
„При експлозијата на муницијата во авионот, се покажа дека тврдењето дека пренесува медицинска опрема е неточно“, се додава во соопштението.
Либиската армија неодамна оствари напредок против милициите на Хафтар, кои ја имаат поддршката на Франција, Русија, Обединетите Арапски Емирати и Египет.
Од соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година, во Либија се формираа две места на надмоќ: едното на воениот водач Хафтар во источна Либија, поддржан од Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), и другото на Владата на национално единство во Триполи, која ужива поддршка на Обединетите нации (ОН) и е меѓународно призната.
Легитимната Влада во Либија е под напади на силите на Хафтар од минатиот април, во кои загинаа над 1.000 луѓе.