Aydoğan Kalabalık
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Бројката на цивили кои загинаа во ракетниот напад на милицијата на Хафтар изведен во јужниот дел на либискиот главен град Триполи се зголеми на 6, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Општина Абу Селим, која се наоѓа на југот на Триполи, наведено дека 6 цивили го загубиле животот во ракетниот напад извршен од страна на милицијата на Хафтар.
Претходно, Емин ал-Хашими, потсекретарот на либиското Министерство за здравство, истакна дека во ракетниот напад на милицијата на Хафтар животот го изгубиле двајца цивили, а осум се повредени.
На социјалните медиуми граѓаните споделија фотографии и видеоснимки од опожарените места од падот на ракетите и црниот чад над нив.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога Моамер ал Гадафи беше соборен од власт и убиен.
Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи, ужива поддршка од Обединетите нации и меѓународната заедница, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно ги поддржуваат Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).