Emre Aytekin
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
АНКАРА (АА) – Околу 51.000 лица од над 93.000 заразени со новиот вид коронавирус Ковид-19 во светот се оздравени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на страницата „Worldometer“, на која се собираат ажурирани податоци во врска со новите случаи на Ковид-19 во земјите, како резултат на коронавирусот досега починале 3.203 лица.
Додека продолжуваат работите за развивање вакцина против оваа болест, лекувањето кај повеќе од половина случаи заврши со успех. Досега 50.984 лица заразени со Ковид-19 се отпуштени од болница. Според тоа, досега само 3,4 отсто од заразените починале, додека 54,7 отсто се оздравени.

Оваа епидемија, од аспект на бројот на заразени лица, жртви и брзината на ширење, зад себе ги остави другите глобални зарази на коронавируси кои се појавија во последните 20 години, додека во однос на смртните случаи има ниска стапка.
Со Тешкиот акутен респираторен синдром САРС, кој во 2002 и 2003 година од Кина се ширеше низ светот, беа заразени 8.096 лица, додека починаа 774 лица.
Меѓу другото, со Респираторниот синдром на Блискиот Исток, МЕРС, кој се појави во 2012 година во Саудиска Арабија, беа заразени 2.506 лица, додека починаа 862 лица.
Стапката на смртни случаи кај САРС беше 9,6, додека кај МЕРС, 34 отсто.