Furkan Abdula
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 141 нов случај на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 12.357, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 2 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 532.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 8.662.
Во моментот активни се 3.163 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 120.950 тестирања за Ковид-19.