култура и уметност

„Куршумли ан“ предаден на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје

„Турција ќе го реставрира и ќе биде во употреблива состојба. Според договорот меѓу Турција и Северна Македонија, и во Турција ќе биде отворен наш културен центар...“

Seyyid Emin  | 26.09.2019 - Обновена : 27.09.2019
„Куршумли ан“ предаден на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје Фото: Seyyid Emin/AA

СКОПЈЕ (АА) – Објектот од османлискиот период „Куршумли ан“ предаден е на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, согласно протоколот потпишан во 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA). 

По повод предавањето на „Куршумли ан“ на Институтот „Јунус Емре“, Скопје, објектот денеска го посетија министерот за култура на Северна Македонија, Хусни Исмаили, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула и претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин.

Исмаили во изјавата за медиумите истакна дека денеска, заедно со амбасадорката Кара, реализираат посета која била планирана претходно.

Министерот Исмаили, потсетувајќи дека разговорите за предавање на „Куршумли ан“ на Турција започнале пред 18 години, нагласи: „Турција ќе го реставрира и ќе биде во употреблива состојба. Според договорот меѓу Турција и Северна Македонија, и во Турција ќе биде отворен наш културен центар. Центарот ќе биде во Таксим. Од денеска овој комплекс ќе биде предаден на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Тој ќе го реставрира и ќе може да се користи.“

Амбасадорката на Турција во Скопје, Кара, истакнувајќи дека денешната посета е направена со цел да се добијат информации за работите што треба да следуваат, нагласи: „Како што можете да видите, по протоколот потпишан пред околу 14-15 години, работите веќе ќе можат да започнат и [„Куршумли ан“] ќе биде даден на користење на сите наши сродни заедници и браќа кои се наоѓаат тука.“

Амбасадорката Кара, истакнувајќи дека во „Куршумли ан“ се чувствува исто како во „Коза ан“ во Бурса, рече: „Овој објект ќе биде отворен во оригиналната форма. Јас уште од сега велам, нека е со среќа. Се надевам дека работите ќе завршат поскоро и овој убав објект ќе биде понуден на народот.“

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, истакнувајќи дека сакаат „Куршумли ан“ да го отворат за целото општество, нагласи:

„Куршумли ан“ решивме да го отвориме за јавноста. Во таа насока, со напорите на почитуваната амбасадорка во овој период и со поддршката на министерот за култура на Северна Македонија, г. Хусни Исмаили, ќе ги започнеме реставраторските работи.“

Наведувајќи дека плановите за реставрација и неопходните подготовки ќе бидат завршени во текот на 2020 година, Кула истакна: „Според нашите проценки, „Куршумли ан“ ќе биде подарен на Скопје по период од две години.“

Кула, исто така потсети дека „Куршумли ан“ е објект стар 500 години и дека на балканските простори има околу 40 слични такви објекти од османлиската архитектура.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.