свет

Ријад забрани патување помеѓу Саудиска Арабија и Иран

Најмалку 5 лица починаа, а 18 се заразени со коронавирусот „Ковид-19“ во Иран. Ријад забрани патување помеѓу Саудиска Арабија и Иран.

Hamdi Yıldız  | 22.02.2020 - Обновена : 23.02.2020
Ријад забрани патување помеѓу Саудиска Арабија и Иран

РИЈАД (АА) - Властите на Саудиска Арабија објавија дека забраната за патување во Иран, која веќе постои за нејзините граѓани и странци кои живеат во земјата, продолжува поради коронавирусот „Ковид-19“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Најмалку 5 лица починаа, а 18 се заразени со коронавирусот „Ковид-19“ во Иран. Ријад забрани патување помеѓу Саудиска Арабија и Иран.

Гласноговорникот на Генералната управа за пасоши, Бедр ал Карини, нагласи дека на сите граѓани кои ќе ја прекршат забраната за патување во Иран ќе им бидат проверувани патните исправи и ќе бидат во карантин 14 дена. Кувајт и Ирак исто така ги запреа летовите со Иран.

Со новиот тип на коронавирусот, кој е откриен во кинескиот Вухан, низ светот се заразени повеќе од 77.000 луѓе, а починаа најмалку 2.360 лица.

Во Кина се заразени 76.288 лица, во Хонконг 69, Макау 10, а во Тајван, 26 лица.

Податоците на здравствените институции наведуваат дека во Јапонија се заразени 739 лица, во Јужна Кореја 346, Сингапур 86, Тајланд 35, Малезија 22, Австралија 23, Виетнам 16, Германија 16, САД 35, Италија 19, Иран 18, Франција 12, Велика Британија 9, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) 9, Канада 9, Индија 3, во Русија, Шпанија и на Филипините по 2 лица, и по едно во Непал, Шри Ланка, Камбоџа, Белгија, Шведска, Финска, Италија и Египет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.