Fatjon Cuka
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
ТИРАНА
Пациент заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), кој беше на лекување во болница во Тирана, изврши самоубиство, скокајќи од третиот кат на зградата на оваа болница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Полициската дирекција во Тирана се вели дека 29-годишниот пациент бил на терапија и дека се води истрага за целосно откривање на случајот.
Во врска со овој случај реагираше и Универзитетската болница „Шефќет Ндроќи“, во чие соопштение се нагласува дека младиот пациент со Ковид-19 веќе четири дена бил на лекување во болницата и дека неговата состојба била стабилна.
„Персоналот на Универзитетската болница ‘Шефќет Ндроќи’ изразува тага за починатиот 29-годишен Џ. К. кој се самоуби изутрина. Исто така, упатуваме искрено сочувство до неговото семејство“, се нагласува во соопштението на оваа болница.
Во Албанија досега се откриени 6.817 позитивни случаи со Ковид-19, од кои 208 починаа, а 3.552 лица оздравеа.