Betül Yürük
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
ЊУЈОРК
Стејт департментот на САД додаде осум земји, меѓу кои се Израел и Франција, на листата на „земји со висок ризик“ поради зголемениот број случаи на зараза со варијантите на новиот вид на коронавирус (Ковид-19) и им препорача на своите граѓани „избегнувајте ги сите патувања во овие земји“, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на САД го ажурираа предупредувањето за патување во земјите во кои е зголемена бројката на случаи на заразување со Ковид-19.
Додавајќи ги Аруба, Есватини (поранешен Свазиленд), Франција, Француска Полинезија, Исланд, Израел, Лаос и Тајланд на листата на „земји со висок ризик“, американските власти препорачаа „избегнувајте ги сите патувања во овие земји“.
Како дел од ограничувањата за патување што САД ги воведоа како дел од борбата против епидемијата на Ковид-19, продолжува забраната за влез во земјата на лицата кои не се државјани на САД, а кои во последните 14 дена биле во Кина, Шенген-зоната, Обединетото Кралство, Ирска, Бразил, Јужна Африка и Индија.
Сите патници кои планираат да патуваат во САД треба да покажат негативен тест за Ковид-19 направен во последните 72 часа, без оглед на нивниот статус за вакцинација.