İdris Sülün
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
АНКАРА
Во светот досега се дадени повеќе од 4,48 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Ourworldindata.org“ објавува ажурирани податоци во врска со глобалниот процес на имунизација против коронавирусот.
Во имунизацијата во предност е Кина во која се дадени 1,78 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, а следуваат Индија со 508,66 милиони и САД со 351,93 милиони дози.
На листата земји со најмногу аплицирани дози од вакцините против коронавирусот следуваат Бразил (152,99 милиони), Јапонија (102,9 милиони), Германија (95,33 милиони), Велика Британија (86,61 милион), Турција (78,552 милиони), Франција (77,63 милиони), Индонезија (75,66 милиони) и Мексико (72,49 милиони).
Според податоците на порталот „Worldometers“, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, повеќе од 204,28 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во светот, а нешто повеќе од 4,33 милиони луѓе починале како резултат на заразување со вирусот.