Fatjon Cuka
29 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија починаа уште две лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), а откриени се уште 64 нови случаи со овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Вкупниот број на починати поради Ковид-19 во земјата се зголеми на 58, додека вкупниот број на откриени случаи се искачи на 2.466.
Во последните 24 часа направени се 371 тестирање, а досега во земјата се реализирани вкупно 26.663 тестирања.
Меѓу другото, излекувани се уште 54 пациенти со овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани порасна на 1.438.
Моментално во земјата има 970 активни случаи.