Besar Ademi
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
СТРУГА (АА) - Министерот за економија на Република Македонија, Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Република Албанија, Дaмаин Ѓикнури во Струга потпишаа меморандум за соработка во енергетскиот сектор, кој ќе има приоритет електрична енергија како и нејзината ефикасност, обезбедувањето и набавката на на енергија и подготовка на инфраструктурни проекти за интерконекција, јавува Anadolu Agency (АА).
Пораката на средбата меѓу министерот Ѓикнури и Незири беше дека двете земји се мали и и имаат ист пат, како и дека во енергетскиот сектор треба да соработуваат меѓусебно за да се интегрираат и да ги хармонизираат нивните политики, како во поглед на зголемување на производствените капацитети, така и во поглед на регулација на енергетскиот пазар.
Министерот Незири рече дека на средбата се дискутирало за проектите кои се во фаза на реалцизација како и за проектите за во иднина. Тој истакна дека ваквите средби праќаат порака дека соработката помеѓу двете земји продолжува да се интензивира.
“Тука сме за да потпишеме меморандум во областа на енергетиката . Меморандум кој ја проширува сферата на оваа соработка, почнувајќи од областа на енергетиката, било во обновливите извори во енергетската ефикасност било во нафтените ресурси. Затоа со ова ние праќаме порака дека добрата меѓусуседска соработка ќе продолжи и понатаму со нашиот прв сосед" , изјави Незири.
Од друга страна министерот Дамјан Ѓикнури рече дека на средбата е разговарано за напредокот на многу значајниот проект на поврзаност со линијата на висок напон Албанија-Македонија, а потоа истакна дека проектот оди добро од двете страни на границата и дека до 2017 година ќе почне конкретната изградба на оваа врска за да се стави во функција во 2018 година.
“Финансиските средства се веќе обезбедени од двете држави така да проектот ќе земе свое време за да биде комплетиран. Интересот е многу голем бидејќи нашите енергетски пазари веќе ќе се поврзат физички. Така да Албанија, Македонија, бугарскиот и српскиот пазар одат кон тоа што ние целиме како земји и е една тенденција за развој во енергетскиот сектор на интеграција на државните пазари во еден сеопфатен регионален пазар", изјави Ѓикнури.
Според него, проектот отвора перспективи и на поврзаноста со електроенергетската албанска, македонска и бугарска мрежа, и со можност да се поврзе со еден подводен кабел во иднина со Италија и ЕУ.