Besar Ademi
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) – Денеска на територија на Република Македонија поминаа околу две илјади бегалци кои веднаш после процедурата на регистиране го продолжија својот пат кон земјите на западна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во прифатниот центар за бегалци моментално се регистирани околу 150 бегалци од земјите погодени од конфликти, кои се подготвуваат за продолжување на патот кон северната граница на државата.
Поголем број на бегалците до северна граница на земјата патуваат со воз, само мал број од тие со такси превоз.
Од другата страна постаvувањето на жичената ограда на страната со Грција ги остави мигрантите без надеж кои останаа заглавени на територијата на “ничија земја” , односно на самата линија на македонско-грчката граница.
Според полициските сили од грчката страна во моментот има околу 1000 луѓе на кои не им се дава дозвола да влезат на територијата на Македонија.
Член на Црвениот Крст на Грција, Кромус Мандалис вчера во разговор за АА рече дека поради неодамнешната одлука на европските земји да применуваат селективен пристап кон мигрантите, со што не им се дозволува поминување на границата на мирантите од земјите во кои нема конфликти, бројот на т.н економските мигранти кои имаат цел да поминат во европските земји е значително намален.
Тој исто така истакна дека бројот на економските мигранти кои остана заглавени на македонско-грчкиот граничен премин е значително намален.
Поради поставувањето на жичената ограда на македонската граница и рестрикциите поради кои не можат да го продолжат своето патување кон европските земји, т.н. економски мигранти безнадежно се враќаат кон Атина.