Besar Ademi,Cuneyt Davut
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
ИДОМЕНИ (АА) - Економски мигранти, кои два дена веќе го блокираат поминувањето на македонската јужна граница на бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак, во знак на протест поради примената на мерките на селективен пристап на прифаќање само на бегалците во чии земји има воени конфликти, конечно решија да им овозможат на бегалците непречено да ја поминат границата, јавува Anadolu Agency (АА).
Група на економски мигранти кои грчката полиција не можеше да ги отстрани од самиот граничен премин за да се обезбеди преминување на границата на бегалците, по преговорите со УНХЦР одлучија да ја напуштат границата.
Грчката полиција со намера да воведе ред и контрола во својот дел од границата, како и да им овозможи на бегалите непречено да ја поминат границата беше принудена да употребува сила и солзавец. Интервенцијата на полицијата беше отежната бидејќи помеѓу бегалците имаше жени, деца и постари лица. Состојбата на македонскиот јужен граничен премин ескалираше кога поради струен удар почина мигрант од Мароко, а тензиите растеа.
Бегалците беа заробени меѓу Грција и Македонија, поради економски мигранти од Бангладеш, Пакистан, Иран и Мароко од вчера наутро, откако тие го блокираа граничниот премин, во знак на револт поради одлуката на македонските власти границата да ја минуваат само бегалците кои доаѓаат од земји во кои има воени конфликти, Сирија, Афганистан и Ирак.
Таканаречените “економски мигранти” кои не доаѓаат од земјите во кои има воени конфликти веќе две недели се заглавени на грчко-македонскиот граничен премин, бидејќи европските земји одлучија да ги прифатат само бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак.