Besar Ademi
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, кој го посети прифатниот центар за бегалци во Гевгелија, заедно со Народниот правобранител на Република Австрија и претставникот на УНХЦР Македонија, Мохамед Ариф, рече дека Македонија го нема потребниот капацитет за да ги прими бегалците ,јавува Anadolu Agency.
“Денес исто така видов дека организирањето во овој центар ги нема сите елементи или тие делови кои се потребни за прием на бегалците. На самиот влез видов дека центарот не е адекватен за да ги прима бегалците. Исто така ме згрози делот на селектирање на странците кои бараат заштита во Македонија. Затоа што ги делеле и јас бев информиран дека пред неколку дена имаше луѓе кои барале да се третираат според процедурите. Органите не дозволиле такво нешто и ги вратиле назад без ниту една процедура што значи грубо прекршување на Меѓународната конвенција и законот за азил во Република Македонија" , изјави Мемети.
То рече дека земјата има пречки и во процесот на регистрацијата затоа што регистрацијата се реализира во пишана форма а не во електронска. Мемети апелираше до Владата на Македонија да дели повеќе средства за да ја регулира состојбата со електронската регистрација.
Претставникот на УНХЦР во Македонија, Мохамед Ариф, во врска со состојбата на економските мигранит кои се заглавени во македонсо-грчкиот граничен премин изјави дека бегалците како и тие со економски причини треба да се третираат на човечки начин и дека секое прекршување на правата ќе се осуди.
Сите странци треба да се третираат на човечки начин иако се економски мигранти постои начин со кој ќе се утврдува дали се економски мигранти или бегалци. Исто така има и процедури како да се земат тие. Секое прекршување на човековите права во секоја земја ќе се осуди" , рече Ариф.
Од другата страна, омбудсманот на Австрија, Гертруд Бринек го поддржа неговиот колега од Македонија потенцирајќи дека сега центарот за прифаќање на бегалците треба ги подобри условите вклучувајќи го тука и забрзувањето на процедурата за регистрација затоа што бегалците се соочуваат со ладното време и зимата.