Besar Ademi
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - По учеството на состанокот за постигнување на договорот за далеководите којшто ќе ги поврзува Македонија и Албанија, амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во во Република Македонија, Аиво Орав рече дека ЕУ е загрижена за имплементацијата на Договорот од Пржино, јавува Anadolu Agency (AA).
Евроамбасадорот Аиво Ориав истакна дека приоритет за политичките партии во Република Македонија треба да биде договорот за ДИК, но потоа треба да се разговара и за прашањето за регулирање на медиумите.
"Ние ова прашање го следиме со загриженост бидејќи и следниот услов на договорот не е исполнет. Трите независни експерти сеуште не се избрани. Избрани се шест членови од страна на партиите, додека, што е уште поважно, три експерти кои мора да бидат независни и треба да имаат искуство во оваа област, се уште не се избрани. Морам да ве потсетам дека нема повеќе време. Работните групи ги продолжуваат разговорите денес и јас ги охрабрувам да се заклучи ова прашање ", рече евроамбасадорот Орав.
Работни групи од четири политички партии во Македонија според Договорот од Прижино, треба да се создадат услови за фер и демократски избори што треба да се одржат во април следната година, но сепак тие не успеа да го назначат новиот состав на Државната изборна комисија, односно да именуваат тројца независни експерти и да се заврши прочистувањто на избирачкиот список.