Besar Ademi
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
СКОПЈЕ (AA) – Македонски електропреносен систем оператор (МЕПСО) денеска склучи договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за кредит од 37 милиони евра наменети за финансирање на изградбата на нов 400 kV интерконективен далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Македонија и на Албанија. Двата електропреносни системи ќе се поврзат преку 400/110 kV трансформаторските станици „Битола 2" и „Елбасан", јавува Anadolu Agency (AA).
Овој проект кој ќе се реализира до 2019 година, е на иницијатива на Европската комисија (ЕК) за воспоставување на коридорот исток-запад за преносување електрична енергија преку Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и во Италија, вклучувајќи ги Црна Гора и Италија.
Македонскиот министер за економија, Беким Незири истакна изградбата на далноводот ќе биде голема придобивка за Македонија и Албанија.
"Ова е еден од клучните проекти од областа на енергетиката, за кој се зборува повеќе од десет години. Затоа, соработката меѓу Македонија и Албанија во иднина во оваа сфера ќе биде поинтензивна", рече министерот Незири.
Евроамбасадорот Орав пред истакна дека ЕУ обезбедува значајна поддршка за енергетските проекти преку ИПА фондовите и преку Инвестициската банка за западен Балкан.
"Енергијата е стратешки сектор во секоја земја, таа е од витално значење во сите аспекти од секојдневниот живот на луѓето, како и за развојот на сите сектори на економијата", рече Орав.
"Овој проект ќе и помогне на Македонија во процесот на интеграција на енергетскиот сектор во регионот и Европа" изјавиХолгер Муент, директор за Западен Балкан во ЕБОР .
Освен стратешкото значење формирање на коридорот исток-запад има и големо системско значење како за македонскиот електропреносен систем,така и за регионалниот електропреносен систем", изјави генералникот директор на МЕПСО, Синиша Спасов.