Besar Ademi
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
СТРУГА (АА) - По потпишувањето на меморандумот за соработка во енеретскиот сектор помеѓу Македонија и Албанија во врска со таканаречениот проект “Луково поле”, министеррот за енергетика и индустрија Дамина Ѓикнури изјави дека секоја идеја што може да се развива во овој проект сигурно дека треба согласност и од албанската и од македонската влада, јавува Аnadolu Аgency (AA).
Министерот Ѓикнури рече дека земјите не следат унилатерални политики за заедничките води поради тоа, како што рече тој , заедничките води се управуваат од меѓународната конвенциија како и од заедничките договори помеѓу владите на двете соседски земји.
Тој повторувајќи дека за ова прашање Албанија и Македонија треба да разговараат и дека секој проект нема да има еднострани чекори, туку соработка помеѓу двете земји.
,,Како што изјави и самата македонска влада, секој развој во овој правец ги остранил едностраните дејствија. Затоа не би сакал да додавам повеќе од тоа што имаат кажано македонските официјални лица и што беше потврдено на оваа средба, дека за ова прашање нема еднострани чекори, туку само соработка меѓу двете земји”, рече Ѓикнури.
Од друга страна министерот за економија на Македонија Беким Незири, го поддржа албанскиот министер Ѓикнури истакнувајќи дека таквите проекти нема да се реализираат без согласност на двете земји.
“Македонија и Албанија имаат многу добри меѓусоседски односи. Ниту еден проект без разлика дали е во областа на енергетиката или во некоја друга сфера, нема да се реализира без согласност, без да се седне и разговара со нашите колеги од Албанија, како и дека ваквите проекти нема да се реализираат без консензус од двете држави” , изјави Незири.
Таканаречениот проект “Луково поле” претставува проект за изградба на акумулативно езеро, чија местоположба се наоѓа на планините Кораб и Стрезимир во зоната на граничниот триаголник: Македонија, Албанија и Косово.
Македонската влада пред неколку години одлучи да изгради хидроцентрала без да добие согласност од Албанија.
Проектот кој беше планиран да се финансира од Светска банка беше одложен поради несогласност од албанската влада.