Nazmi Abduramani
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Секретаријатот за европски прашања на Македонија денеска потпиша договор со Европската унија за санирање на штетите од поплавите кои се случија во Македонија во јануари и февруари оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова ќе биде привот договор посветен на обновата на инфраструктурата и транспортот во износ од 3 милиони, 12 илјади и 500 евра. Градежните работи ќе се спроведуваат од страна на УНДП, во соработка со националните партнери. Во текот на следните две години за вкупната помош од поплави наменети се 9 милиони 800 и илјади евра.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, рече дека средствата од овој договор во износ од 9,8 милиони евра наменети отстранување на штетите од поплавите кои се случија во Република Македонија ќе бидат наменети во најголем дел за транспортна инфраструктура и санација на речните текови предизвикани од поплавите.
Шефот на Мисијата на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, рече дека со овој довоговор, Европската Унија сака да и помогне на РЕпублика Македонија и на нејзините граѓани со цел да се ублажи штетата и економските загуби на граѓаните кои беа погодени од поплавите.
Претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон истакна дека со имплементирање на овој договор ќе се обноват патиштата, мостовите и останатата инфраструктура којашто беше уништена од од поплавите.