АНКАРА (AA) - Турција и понатаму ќе биде внимателна иако нејзината антитерористичка операција на северот на Сирија нанесе тежок удар на терористите кои за цел имаа воспоставување на терористички коридор во таа земја, изјави гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Операцијата „Извор на мирот" во голема мерка ги елиминираше целите за воспоставување терористички коридор, дури и терористичка држава на северот на Сирија. Значителен удар е нанесен на овој терористички коридор. Меѓутоа, Турција и понатаму е внимателна", изјави Калин во обраќањето пред медумите по состанокот на Кабинетот.
Додаде дека повлекувањето на припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК од северот на Сирија не значи дека „војната (против тероризмот) е готова или успорена".
Осврнувајќи се на тврдењата дека турската антитерористичката операција во Сирија ја „поткопала борбата" против припадниците на терористичката организација ДЕАШ, Калин рече дека тие се изнесени поради „заштита на терористите на ЈПГ/ПКК".
Калин, повикувајќи се на Турската разузнавачка служба, изјави дека припадниците на Вооружените сили на Турција (ТВС) и Сириската национална војска беа мета на терористите на ЈПГ/ПКК во североисточниот град Тал Тамр каде инаку немаше конфликти.
„Турција очекува дека нејзините сојузници, САД, ЕУ или било која друга држава, да заземат јасен став против сите видови терор. Признавањето на ПКК како терористичка група на хартија не е доволно. Она што го практикувате е важно", порача Калин.
Гласноговорникот на турскиот претседател истакна дека се покренати иницијативи во Кабинетот на високиот комесар на ОН за враќање на сириските бегалци.
Калин исто така се осврна на можна посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД, наведувахќи дека Турција не ја иницирала средбата во Вашингтон.
„И понатаму проценуваме дали посетата ќе се случи или не", порача Калин и додаде:
„Нашата цел не е само да го посетиме Вашингтон, напротив, целта е да добиеме конкретни резултати во насока на интересите на нашата земја.“