Harun Kutbe
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Разузнавачката служба на Република Туркије (МИТ) на подрачјето на Ирак, неутрализира тројца терористи на ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносни извори соопштија дека операцијата против терористичката организација била спроведена во областа Гара.
Во акцијата се неутрализирани тројца терористи на ПКК/КЏК.
МИТ неодамна ги интензивира антитерористичките акции во северна Сирија и Ирак. Неутрализирани се и некои таканаречени водачи, меѓу кои и Мехмет Ердоган, со кодно име „Ахмет Рубар“, водачот на терористите на ПКК/ХПП задолжен за областа Махмур-Керкук-Сулејмание.
Истовремено, во Туркије е префрлена терористката Дилбирин Качар, со кодно име „Ројда“, која е фатена во операција во Сирија и учествувала во терористичките активности на ПКК/ЈПГ.