Sarp Özer,Zafer Fatih Beyaz
09 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
ИЗМИР (АА) - Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на воениот полигон во областа Сеферихисар, во Измир, започна вториот дел од воената вежба „Ефес-2022“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со прецизно гаѓање на утврдените цели завршени се утринските активности, кои ги следеше министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, министрите за одбрана кои се во посета и началникот на Генералштабот, како и останатите нивоа на командата на Вооружените сили на Туркије.
Вториот дел од активноста, наречен „Ден на специјалните набљудувачи“, започна откако претседателот Ердоган дојде да ја следи вежбата заедно со претседателот на Партијата на национално движење (МХП), Девлет Бахчели.
Ердоган го поздрави свечениот вод по пристигнувањето во Опсерваторијата број 2, од каде што се следи вежбата.
По брифингот на командантот на Армијата, генерал Муса Авсевер за вежбата, турските сили почнаа да гаѓаат кон предвидените цели.
Освен Ердоган и Бахчели, вежбата „Ефес-2022“ ја следат и турскиот потпретседател Фуат Октај и пратеникот од Партијата за правда и развој (АК Партијата), Бинали Јилдирим.