İbrahim Toprak,Çetin Doyar
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
БАТМАН / КАРАБУК (АА) - Тагата која настана со смртта на младата професорка по музичко, која беше убиена во терористички напад на ПКК во 2017 година на југоистокот од Туркије (Турција), останува свежа.
Шенај Ајбуке Јалчин (22) им подлегна на раните по нападот насочен кон градоначалникот во регионот Козлук, Батман, на 9 јуни 2017 година. Таа патувала во минибус што бил дел од конвојот.
Нејзиниот татко Садик Јалчин, за Агенција Анадолија раскажа за неговата тага.
„Има голема борба против тероризмот во Турција“, рече Јалчин и додаде: „Искоренувањето на предавниците секако би му се допаднало на овој народ.“
„Нашите војници, безбедносни сили, политички авторитети, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и други институции се посветија на чистење [на земјата] од нив [терористите] колку што е можно повеќе.“

Тој, исто така, истакна дека земјата и народот секогаш се грижеле да го зачуваат споменот на неговата ќерка.
Сторителот на нападот беше неутрализиран во март 2018 година од турските безбедносни сили.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
- Споменот на Ајбуке сочуван во училиштето во кое работеше
Копнежот по младата професорка се зголемува од ден на ден, а училиштето во кое работеше го носи нејзиното име и нејзините фотографии се закачени на ѕидовите од училиштето.
Зборувајќи за Агенција Анадолија, Мехмет Незир Севим, директорот за национално образование во областа Козлук, рече дека се тажни поради нејзиното убиство.
„Професорката Ајбуке беше колешка со прекрасен карактер и професионални квалификации.“
„Секоја година, на годишнината од нејзиното убиство, споменот на неа го одржуваме жив“, рече Севим, додавајќи дека името на професорката останува незаборавено во Козлук и Батман, но исто така, и во различни делови на Турција.
Назми Алтунер, директорот на анадолското Средно училиште „Шехид Шенај Ајбуке Јалчин“, рече: „Таа беше прва наставничка по музичко во нашето училиште, ние претходно немавме часови по музичко. Со свои средства донесе многу музички инструменти во училиштето.“
„Таа го разви интересот на учениците за музиката. Учениците ја сакаа музиката благодарение на неа.“
„Никогаш не ја заборавивме Ајбуке, никогаш нема да ја заборавиме и нема да дозволиме да биде заборавена“, додаде Алтунер.