Ferdi Türkten
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ИЗМИР (АА) - Ја предупредуваме Грција да се вразуми и да стои подалеку од соништата и постапките за кои би можела да зажали, како пред еден век, порача денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган денеска го следеше вториот дел од воената вежба „Ефес-2022“ на воениот полигон во областа Сеферихисар во Измир. Во текот на обраќањето турскиот претседател се осврна на прашањето за грчкото вооружување на островите во Егејското Море.
„Туркије нема да се откаже од своите права во Егејското Море и нема да се двоуми да ги користи овластувањата согласно меѓународните договори кога е во прашање вооружувањето на островите“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека Туркије не крши ничии права и закони, но исто така, на никого не му дозволува да ги крши нејзините права.
„Ја повикуваме Грција да престане да ги вооружува островите со невоен статус и да дејствува во согласност со меѓународните договори“, порача Ердоган.
Во врска со тоа, на Грција ѝ упати јасна порака:
„Ја предупредуваме Грција да се вразуми и да стои подалеку од соништата и постапките за кои би можела да зажали, како пред еден век.“
Ердоган се осврна и на можната воена операција против терористичката закана во северниот дел на Сирија.
„Нема да дозволиме воспоставување терористички коридори долж границите на нашата земја, така што секако ќе го завршиме воспоставувањето на преостанатите делови на нашата безбедносна линија“, рече Ердоган, и додаде:
„Чекор по чекор, одлучни сме да ги заштитиме нашите граници со безбедносна линија длабока 30 километри.“