Gökhan Ergöçün
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) денеска соопшти дека во првите пет месеци од 2022 година, 24 милиони патници патувале со оваа авиокомпанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Факторот на оптоварување изнесуваше 73,5 отсто во петмесечниот период, вклучувајќи 72,5 отсто за меѓународни линии и 82,8 отсто за домашните линии.
Авиокомпанијата превезе и 673.000 тони товар и пошта, додека бројот на авиони достигна 376 заклучно со мај.
Само во мај, авиокомпанијата опслужила 6,3 милиони патници и превезла 144.000 тони товар/пошта.
Основана во 1933 година, „Туркиш ерлајнс“ лета до 339 светски дестинации во 335 града во светот, слетувајќи и полетувајќи од 284 меѓународни аеродроми во 129 земји и од 51 аеродром во Турција.