Dzihat Aliju
26 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Синоќа во Скопје во организација на Турскиот културен центар, Институтот „Јунус Емре" во Скопје и со поддршка на „Туркиш ерлајнс", беше прикажан филмот „Сомунџу Баба: Тајната на љубовта“, јавува Anadolu Agency (AA).
Филмот беше прикажан во Куршумли Aн, во старата турска чаршија во Скопје. На премиерата на филмот присуствуваа министерот без ресор на Република Македонија, Фуркан Чако, режисерот на филмот Куршат Кизбаз, техничкиот директор Ведат Вурал, актерите Тувана Туркај, Алтан Гордум и голем број скопјани.
Во изјавата за новинарите, режисерот Кизбаз истакна дека е многу среќен што се наоѓа во Македонија и што за време на една убава рамазанска ноќ и пријатна атмосфера има можност да го гледа филмот „Сомунџу Баба:Тајната на љубовта“ кој бил прикажан со македонски превод.
Режисерот Кизбаз се заблагодари на Институтот „Јунус Емре” за прекрасната организација.
„Нашиот филм своја премиера имаше на први април. Од денеска продолжуваме со прикажување надвор од Турција. Овој месец имавме европска турнеја, која ја завршуваме во овој прекрасен град. Знаеме дека универзалните вредности, кои главниот лик во филмот Сомунџу баба ги достигнал, всушност се длабоко врежани во срцата и душите на луѓето од овие географски простори. Во тој контекс, верувам дека филмот им се допадна на почитуваните гледачи“, рече режисерот Кизбаз.
Актерката Тувана Туркај истакна дека за првпат доаѓа во Скопје и Македонија и рече дека многу ѝ се допаѓа македонскиот главен град.
Таа истакна дека луѓето од Македонија се многу гостопримливи и ја пречекале со насмеани лица.

„Многу сум среќна што филмот беше прикажан токму овде. Сметам дека направивме еден искрен филм и се чуствувам многу среќна што филмот беше прикажан во Скопје. Се надевам дека успеавме тоа да ѝ го пренесема и на публиката“, рече актерката Тувана Туркај.
Актерот Алтан Гордум истакна дека направиле филм за животот на една благословена личност.
„Му се заблагодарувам на почитуваниот професор и директор на Институрот „Јунус Емре”, кој ни овозможи овој филм да биде виден од голем број на гледачи. Се разбира упатувам голема благодарност и до посетителите кои го гледаа филмот. Еден настан станува уметнички доколку тој се интегрира со публиката“, изјави актерот Гордум.

Директорот на Институтот „Јунус Емре”, доц. Д-р Мехмет Самсакчи, изјави дека е горд што Институтот даде свој придонес во организација на еден ваков настан.
„Визијата и мисијата на на Јунус Емре, е светот да го научи турскиот јазик, светот да го запознае со турската уметност, наука и културно богатство. Македонија не е земја која не ја познаваме, таа не се разликува од нашата земја“, рече доц. Д-р Мехмет Самсакчи.