Cuneyt Davut
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – ЏУНЕЈТ ДАВУТ – Турбето на освојувачот на Скопје, Јигит Паша, за време на Големата ноќ за припадниците на исламската вероисповед (Ноќта на Кадр) со молитви ќе биде отворено за посетителите.
Во Османлиското освојување на Балканот, Султанот Мурат l, загинува во Косовската војна, по што неговиот син Падишах Јилдирим Бејазит Хан, бил именуван во Султан на Османлиската држава, по што продолжува освојувањето на Румелија и во 1392 година освоено е Скопје, еден од најважните градови на територијата на Румелија.
Командантот кој го освојува Скопје, и претходно војувал заедно со Султанот Мурат l во Косово, каде раководел со воената команда, и по смртта на султанот продолжува да му служи и на неговиот син Јилдирим Бејазит на истата функција, е Јигит Паша од семејството Саруханоглулар, познат како „Освојувач на Скопје“.
Доц. д-р Сулејман Баки, професор на Државниот универзитет во Тетово, во разговор за АА, вели дека денеска во Скопје, на локалитет во близина на самиот влез од Старата турска чаршија, се наоѓа гробот и турбето на Јигит Паша.
„Сѐ до 1945 година, на ова место во Скопје се наоѓаше зградата на Медах медресата, една од првите медреси во Скопје, но медресата прво беше затворена, а потоа и урната од страна на комунистичкиот режим“, вели доц. д-р Баки зборувајќи за историјатот на турбето.
Доц. д-р Баки истакна дека Меддах медресата била основана од страна на Јигит Паша и додаде дека таа, како прва скопска медреса, има посебно значење на балканските простори. Кога станува збор за освојувањето на Скопје, доц. д-р Баки истакна дека треба да се зборува за две личности, Јигит Паша и Медах Баба.
„Зборувајќи за освојувањето на Скопје, треба да се споменат две личности. Првата е освојувачот на градот, јигит Паша, додека вториот лик е неговиот шех, Меддах Баба. Всушност освојувач на Скопје се војската и нивниот командант Јигит Паша, но на гробот на Медах Баба постои еден ваков исказ: „Hu vel baki, el merhum el mağfur, fatihi Üsküp Meddah Baba“ („Вечен Господе, починатиот е Медах Баба, освојувачот на Скопје“).
Доколу се толкува написот, освојувач на Скопје не е Јигит Паша, туку неговиот учител, Медах Баба. Поради неговата посветеност кон Медах Баба, Јигит Паша го наведува како духовен освојувач.“, наведе Баки и додаде дека гробниците на Јигит Паша и Медах Баба се еден до друг.
Откако Медах медресата е урната 1945 година, државата просторот го дала на користење на сиромашните како дивоградба. Долги години просторот бил користен за живеење од неколку семејства.
Конечно, по иницијатива на Турција и Македонија, овој простор, кој од историски аспект за градот е од големо значење и има високи морални вредности, денеска се отвора за посетителите. Општината Бурса од Турција и скопската Општина Чаир од Македонија потпишале протокол на збратимување, во чии рамките во 2009 година ги започнале работите околу турбето на Јигит Паша.
Во 2010 година, под покровителство на тогашниот државен министер на Турција, Фарук Челик, Претседателот на општина Бурса, Реџеп Алтепе и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, местото беше експроприрано и седумте семејства кои го користеа просторот како дивоградба и место за живеење, биле сместени во куќи.
„Денеска на просторот од над 550 метри направена е многу добра работа. Реставрирани се гробницата и турбето на Јигит Паша, кои излегоа на виделина. На ист начин откриена е и гробницата на Меддах Баба“, изјави доц. д-р Баки и додаде дека целиот проект кој го изведувале стручни лица од Министерството за култура, бил воден под надзор на Општина Чаир.
Доц. д-р Сулејман Баки им се заблагодари за големата материјална и духовна помош кои во остварувањето на овој проект ја дадоа Почесниот претседател на ЕНКА Холдинг и истовремено еден од внуците на Јигит паша, почитуваниот Шарик Тара, Општината Бурса и особено на Претседателот на општина Бурса, Реџеп Алтепе. Покрај турбето кое се наоѓа во Старата турска чаршија, одделно е изграден мал месџит (место за молитва).
Покрај него изградена е и библиотека во која се претставени османлиското наследство и култура.