Mehmet Ali Derdiyok
02 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY) нуди повратни авионски билети од Скопје кон Истанбул по цена од 109 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
За АА од компанијата беше истакнато дека цените се однесуваат на картите купени преку интернет, а доколку билетите бидат купени во билетарниците на компанијата, цената е 134 евра.
Освен тоа, цените на повратните билети од Скопје, Љубљана, Загреб, Тирана, Белград, Подгорица и од Дубровник исто така чинат 109 евра.
„Туркиш ерлајнс“ нуди повратни билети за Балканот, Кавказ и за Украина со цени почнувајќи од 109 долари (100,77 евра).
Од компанијата којашто веќе шест години е најдобра авиокомпанија во Европа, беше соопштено дека повратниот билет за лет од Истанбул во Клуж, Букурешт, Љубљана, Приштина, Сараево, Тирана, Скопје, Загреб и во Дубровник чини 109, за Белград и Подгорица 119 долари (109,99 евра), за Софија 129 долари (119,23 евра), Варна и Кишњев 139 долари (128,48 евра).
Освен тоа, од авиокомпанијата потсетија дека на турските државјани за Белград, Кишњев, Подгорица, Приштина, Сараево, Турана и Скопје не им треба виза.
Патниците кои сакаат да ја искористат оваа кампања, можат да купат билет до 19. февруари, а се однесува за патување во периодот од 9. февруари до 30. април.