Göksel Yıldırım
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ИЗМИР (АА) - Првата турска мултикалибарска снајперска пушка, КН-12, ќе влезе во инвентарот на Турските вооружени сили овој месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Дизајнирана и развиена од Турската корпорација за механичка и хемиска индустрија (МКЕ), во согласност со потребите и барањата на Вооружените сили, пушката од еден метар тежи 7,2 кг“, изјави за АА генералниот директор на МКЕ, Јасин Акдере.
Зборувајќи за време на Комбинираната заедничка воена вежба ЕФЕС-2022 во Измир, Акдере истакна дека пушката има капацитет за користење со два различни калибри муниција - 7,62 и 8,59 милиметри.
Како дел од вежбата, Турската корпорација за механичка и хемиска индустрија (МКЕ) ги изложува своите системи на лесно и тешко оружје.
Акдере истакна дека пушката, со дострел од 1.500 метри, успешно ги завршила тешките квалификациски тестови во рамките на стандардите на НАТО.
Тој нагласи дека МКЕ добила важни позитивни реакции од пријателските и сојузничките земји за пушката.
„Преговорите и маркетинг-активностите за пушката КН-12 продолжуваат“, рече Акдере, и додаде: „Ние значајно ќе го зголемиме нашиот придонес во извозот на одбранбената индустрија со потпишување на важни договори во наредните денови.“