Zehra Nur Düz
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4 степени ја потресе југозападна Турција, јави Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD), пренесува Anadolu Agency (AA).
АФАД соопшти дека земјотресот со епицентар во Средоземното Море, во близина на турската област Мугла, се случил во 10:50 часот наутро.
Земјотресот е регистриран на длабочина од речиси 109 километри и беше почувствуван во туристичкиот град Мармарис, оддалечен околу 144 км.