Andaç Hongur
28 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - По земјотресот со јачина од 5,8 степени по Рихтер со епицентар во Мраморното Море, што во четвртокот го погоди Истанбул, на тоа подрачје се забележани дури 314 потреси со помал интензитет, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) потврди дека денес е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени со епицентар во Мраморното Море, кај истанбулското подрачје Силиври и на длабочина од 12,23 километри.
Од АФАД наведуваат дека во последните два дена на истото подрачје се забележани дури 314 потреси на тлото.
За време на земјотресот во Истанбул се сруши минаре во подрачјето Авџилар, а во Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) се пријавени 473 пукнатини на станбените објекти.