Nurettin Coşkun
28 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Нов земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер го погоди западниот дел на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) потврди дека епицентарот на земјотресот е регистриран во Мраморното Море, кај истанбулското подрачје Силиври и на длабочина од 12,23 километри.
Истиот регион во четвртокот го погоди земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер. Потоа на тоа подрачје се забележани дури 188 потреси со помал интензитет. Поради страв и паника, голем број граѓани на Истанбул ноќта ја поминаа под отворено небо.
За време на земјотресот во Истанбул се сруши минаре во подрачјето Авџилар, а во Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) се пријавени 473 пукнатини на станбените објекти.