Mücahit Hüseyin Eroğul
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалската федерација на Турција (TFF) соопшти дека гледачите од претстојната сезона ќе можат да ги гледаат натпреварите од трибини и тоа во број од 50 отсто од капацитетот на стадионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека Управниот одбор на Фудбалската федерација на денешната седница донел и одлука дека свечените ложи на сите стадиони за време на натпреварите ќе можат да бидат пополнети во капацитет од 100 отсто.
Од Федерацијата наведоа дека дополнително ќе објавуваат повеќе детали за присуството на гледачите на натпреварите на професионалните лиги во текот на сезоната 2021/22.
„Одлуките се донесени во согласност со консултациите со релевантните институции. Посебните мерки ќе важат за гостинските екипи. Сите детали ќе бидат објавени по консултациите со Министерството за здравство и Научниот совет за борба против пандемијата на Ковид-19“, се наведува во соопштението.