Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
01 Јули 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во Турција досега се дадени повеќе од 50 милиони дози на вакцини против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вакцините се наше најефективно оружје во борбата против пандемијата на коронавирусот“, порача Ердоган преку Твитер.
Тој истакна дека „Турковак“, турската вакцина против коронавирусот, е моментално во Фаза 3 на клиничко испитување и ќе биде пуштена наскоро за да ги зајакне напорите на Турција за надминување на пандемијата.
„Ќе ја однесеме Турција кон поздрава иднина“, вели турскиот претседател.
Во услови на пад на бројот на заразени од коронавирусот, Турција од денеска дополнително ги олесни ограничувањата против вирусот, при што полицискиот час и ограничувањата за меѓуградските патувања се укинуваат, а се дозволува и отворање на канцелариите.
Кино-салите исто така ќе бидат отворени, додека рестораните и кафулињата ќе работат без ограничувања на капацитетот.
Вкупниот број на заразени од коронавирусот во Турција изнесува над 5,42 милиони, додека бројот на смртни случаи од последиците на вирусот изнесува 49.732.