Furkan Abdula
02 Јули 2021•Ажурирај: 03 Јули 2021
ОХРИД (АА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Турција и задолжен за прашањата поврзани со Европската Унија (ЕУ), Фарук Кајмакџи, изјави дека Турција е еден од најсилните столбови на европскиот триаголник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кајмакџи, кој учествуваше на Преспа Форумот за дијалог, организиран од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, даде изјава за медиумите, каде што се осврна на пораките што Турција ги пренесе на Форумот.
Потсетувајќи дека од Дипломатскиот форум во Анталија кој се одржа пред две недели сега учествуваат на Преспа Форумот за дијалог, Кајмакџи рече дека во овој контекст е дискутирано за процесот на интеграција во Европската Унија (ЕУ) на земјите од Балканот.
Посочувајќи дека некои земји и кругови го користат изразот „Западен Балкан“, Кајмакџи рече:
„Турција е исто така, балканска земја. Сепак, во суштина не постои термин Западен Балкан, Источен Балкан, Јужен или Северен Балкан. Поправилно би било да се зборува за Југоисточна Европа. Затоа, искрената желба на Турција е сите земји од Југоисточна Европа да се интегрираат во евроатлантските институции. Турција е земја што го стабилизира и развива регионот.“
Подвлекувајќи дека Турција е исто така земја што сака да го унапреди процесот на членство во Европската Унија (ЕУ), Кајмакџи рече: „Знаете, помеѓу земјите кандидати за членство во ЕУ, има седум потенцијални кандидати, кандидат и земја кандидат која започнала со преговори. Не треба да се прави разлика помеѓу овие земји. На почетокот на процесот на членство на земјите, поради националните интереси, кои во голема мерка се спротивни на општите интереси на Европа, преговорите за членство се спречуваат. Ваквите блокади го намалуваат реформскиот процес кај земјите кандидати. Всушност, ја намалуваат возбудата на реформите. Ова е слаба состојба и од аспект на Европската Унија. Бидејќи Европската унија не е во можност да ги прифати земјите кандидати во вистинска мера. Затоа, влегуваме во еден маѓепсан круг.“
Кајмакџи истакна дека треба да се земат предвид општите интереси на Европа и големата Европска Унија. „Со цел да се создаде геополитичка Европска Унија во Европа, која вклучува многу етникуми и многу религии, од безбедност до одбрана, од енергетика до трговија, од туризам кон надворешна политика, треба да се забрзаат процесите за членство на сите земји кандидати. На крајот на процесот, доколку постои ситуација спротивна на општите интереси на Европската Унија, тогаш секако дека секоја земја може да го користи правото на вето. Сепак, ставањето вето на почетокот на процесот спречува дијалог. Дијалогот предизвикува недоверба. Несигурноста предизвикува конфликти и ова го отежнува решавањето на голем број проблеми.“
Потсетувајќи дека во рамките на Форумот, дадени се вакви пораки, Кајмакџи додаде:
„Во исто време, рековме дека Европската Унија треба да биде доследна и за прашањето за Кипар. Исто така е многу важно да се исполнат ветувањата дадени на кипарските Турци. Затоа, Европската Унија, поради националните интереси на една земја членка, не треба да става кочница во соработката меѓу Турција и Европската Унија. Ова е голема загуба за обете страни. Затоа, ние очекуваме процес кој го вклучува секој, го опфаќа секој и кој ќе создаде заеднички европски дом.“
Истакнувајќи дека Европската Унија треба да ги охрабри земјите кандидати во реформскиот процес размислувајќи за општите и големите интереси на Европа во овој поглед, Кајмакџи рече: „Се разбира, земјите кандидати треба да ги исполнат основните критериуми врз основа на законодавството на Европската Унија. Земјите кандидати немаат резерви во овој поглед. Меѓутоа, кога земји членки ставаат вето поради нивните национални интереси, процесот влегува во ќорсокак. Процесот на членство во неколку земји кандидати се одложуваше со години.“
Тој посочи дека процесот на членство на Турција е блокиран поради непотребни и политички причини.
„Во исто време, гледаме дека земјите кандидати како што се Албанија и Северна Македонија, не успеаја да започнат преговори за членство повеќе години наназад. Тоа ја намалува возбудата во овие земји. Исто така, фактот дека Србија и Црна Гора не можат да напредуваат побрзо во процесот на преговори не е добра порака за другите земји. Тука треба целосно да се разгледаат перформансите на земјите, треба да се земат предвид техничките критериуми. Доколку тоа се стори, и земјите кандидати ќе се доближат кон членството во Европската Унија и ќе можат да дејствуваат заедно за европскиот континент да стане важен и глобален актер во светот,“ нагласи Кајмакџи.
Тој истакна дека Турција е основен столб на Европа, повикувајќи тој столб добро да биде искористен.
„Турција е еден од најсилните столбови на европскиот триаголник. Ова мора да се процени добро. Бидејќи ова исто така ќе биде во интерес на заедничкиот европски дом“, заклучи турскиот заменик-министер за надворешни работи, Фарук Кајмакџи.