Турција, образование

Стипендисти од 167 држави ќе студираат во Турција

- Во рамките на проектот „Турски стипендии“ на различни универзитети низ Турција и оваа година ќе студираат 5.000 нови студенти од 167 држави

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 29.09.2019 - Обновена : 01.10.2019
Стипендисти од 167 држави ќе студираат во Турција

АНКАРА

Во рамките на проектот „Турски стипендии“ на различни универзитети низ Турција и оваа година ќе студираат 5.000 нови студенти од 167 држави, јавува Anadolu Agency (AA).

Проектот го спроведува Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB), од каде што е соопштено дека студентите од странство веќе започнале да пристигнуваат во Турција.

Во соопштението се наведува дека вкупно 145.700 студенти од 167 земји аплицирале за упис на факултетите во Турција и тоа на додипломски и постдипломски студии.

Експертите од Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција спроведоа приеми и интервјуа по кои 5.000 студенти стекнаа право да студираат во Турција.

Програмата за стипендирање на студенти во Турција е започната во 1992 година под називот „Голем студентски проект“, а од 2012 година проектот е преименуван во „Турски стипендии“ и со него раководи Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB).

Станува збор за програма што на студентите од странство им обезбедува стипендии за додипломски, постдипломски студии и научни истражувања, а им обезбедува и сместување во домови и ги сноси трошоците за школарина. По завршувањето на студиите и по враќањето во своите земји, стипендистите на програмата им користат на нивните заедници, а во исто време претставуваат силна врска меѓу нивните земји и Турција.

Студентите од странство преку интернет аплицираат за студии во Турција, а приемните испити и интервјуата со кандидатите се организираат на повеќе од 100 локации низ целиот свет.

Студентите кои ќе стекнат право на стипендија, првата година во Турција го учат јазикот, а од втората година се запишуваат на факултетите. Стипендистите за време на нивниот престој во Турција се и здравствено осигурани.

Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција на стипендистите им плаќа и билети за првото доаѓање и за враќањето од Турција по крајот на студиите.

По завршувањето на студиите, преку средбите на дипломците стипендистите остануваат во контакт со другите стипендисти. Проектот „Турски стипендии“, освен образование вклучува и активности од областа на јавната дипломатија, културата и економијата, а здруженијата на турските алумни во 160 земји моментно имаат околу 150.000 членови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın