Турција

Ердоган: „Турција моментално има доволно вакцини против Ковид-19“

„БајоНТех даде ветување од Германија. Се надевам дека и таа вакцина ќе дојде“, изјави Ердоган околу снабдувањето со вакцината на „БајоНТех“

Berk Özkan  | 30.04.2021 - Обновена : 01.05.2021
Ердоган: „Турција моментално има доволно вакцини против Ковид-19“ Фото: Murat Kula/AA

ИСТАНБУЛ - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека Турција моментално има доволно вакцини против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган по петочната молитва (џума намаз) даде изјава за медиумите.

„Не прифаќам дека ќе имаме потешкотии во снабдувањето со вакцини“, рече Ердоган. „Во моментов имаме доволно количество вакцини.“

Во врска со преговорите за набавка на вакцината „Спутник ве“, турскиот претседател истакна: „По повторните средби, се надевам дека вакцината на „Спутник ве“ ќе пристигне, ќе ни биде испорачана.“

Околу снабдувањето со вакцината на „БајоНТех“, Ердоган рече: „БајоНТех даде ветување од Германија. Се надевам дека и таа ќе дојде.“

- „Немам доверба во Грчката администрација на Јужен Кипар, не ѝ верувам“ -

Во врска со неформалната конференција за Кипар којшто се одржа во Женева, турскиот претседател Ердоган изјави: „Немам доверба во Грчката администрација на Јужен Кипар, не ѝ верувам. Таа никогаш не постапила чесно. Сега средбите се одложени за 2-3 месеци и јас повторно не верувам дека и тогаш ќе се постигне некаков резултат, бидејќи таа не е искрена.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.