Турција

Ердоган: „Турција не ги штити само своите граници, туку и границите на НАТО“

- На прес-конференцијата претседателот Ердоган изјави: „Учествуваме на важен самит на кој ќе бидат донесени одлуки во врска со процесот на НАТО 2030 година, што ќе го одреди патоказот на Алијансата за следните 10 години.“

Sefa Mutlu  | 13.06.2021 - Обновена : 14.06.2021
Ердоган: „Турција не ги штити само своите граници, туку и границите на НАТО“

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, одржа прес-конференција на аеродромот „Ататурк“ пред неговото заминување во Брисел за да присуствува на Самитот на лидерите на НАТО, известува Агенција Анадолија (АА).

На прес-конференцијата претседателот Ердоган изјави: „Учествуваме на важен самит на кој ќе бидат донесени одлуки во врска со процесот на НАТО 2030 година, што ќе го одреди патоказот на Алијансата за следните 10 години.“

Осврнувајќи се на терористичката организација ПКК/ЈПГ, Ердоган ја употреби фразата: „Терористичкиот напад врз болницата Шифа во Африн покажа колку предавничка и брутална е организацијата ПКК/ЈПГ.“


- „Изложени сме и на миграциски притисок“

Претседателот Ердоган, зборувајќи за тероризмот со кој се справува Турција, во продолжение потсети на бегалците и мигрантската криза и додаде:

„Како Турција, ние не само што се бориме против тероризмот, туку исто така се соочуваме и со интензивен притисок на нерегуларната миграција во правец исток-запад.“


- Самитот на НАТО

Во врска со претстојниот Самит на НАТО, Ердоган рече: „Уште еднаш ќе ја потенцираме важноста што ѝ ја придаваме на Алијансата заедно со нашите сојузници.“


- „Додека ги штитиме сопствените граници, ги штитиме и границите на НАТО“

Турскиот претседател во своето обраќање на прес-конференцијата, осврнувајќи се на терористичките напади, го истакна следното:

„Ќе побараме одговорност за секоја капка крв што овие никаквеци ја истурија убивајќи невини луѓе во нашата земја, во Сирија и за пролеаната крв на нашите браќа Курди во Ирак. Штитејќи ги сопствените граници, ги штитиме и границите на НАТО. Пред предизвиците со кои се соочува НАТО, како доверлив сојузник презедовме клучни одговорности.“


- Односите Турција - Азербејџан

Во врска со односите меѓу Турција и Азербејџан, претседателот Ердоган рече дека братството меѓу Турција и Азербејџан е гарант за мирот, просперитетот и стабилноста во регионот.


- Средба со Бајден

Претседателот Ердоган во врска со средбата со американскиот претседател Бајден изјави:

„Ова ќе биде наша прва средба тет-а-тет со Бајден откако тој ја презеде функцијата и во прв план на маса треба да ги поставиме односите меѓу Турција и САД. Областа за разговор со Бајден е многу широка. Имаше многу гласини внатре и надвор, кои треба да ги оставиме зад нас и да разговараме за тоа што можеме да направиме и што ќе направиме. Постојат многу прашања што останаа на маса во врска со САД и одбранбената индустрија. Меѓу нив најважно е прашањето за Ф-35. Во случајот со Ф-35, иако Турција за жал го исполни ветувањето, постои Америка која не го исполни ветувањето и не го исполни договореното. За жал, 24 април беше многу негативен процес. Тој пристап сериозно нѐ вознемири. Не би било исправно тоа да помине без да го донесеме на дневен ред. Постојат голем број теми што ги започнавме со САД и многу други одбранбени индустрии кои не можевме да ги продолжиме. Се разбира, ние не посакуваме ништо од тоа. Посакувам, спроведувајќи ги овие средби со иста чувствителност, да преземеме чекори што ќе нè натераат да го заборавиме 24 април.“


- Повлекување на САД од Авганистан

Околу подготовките на САД за повлекување од Авганистан, Ердоган го даде следниот коментар: „Познато е дека Турција е единствената сигурна земја што ќе го продолжи процесот од моментот кога ќе замине од таму.“

„Нашата единствена грижа, нашето очекување е САД да прикаже пристап без исклучоци, кој ќе ги зајакне единството и солидарноста на НАТО.“


- „Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, е наш пријател“

Зборувајќи дека имаат добри односи со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, Ердоган изјави: „Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, е наш пријател кој секогаш имал позитивен пристап.“


- Резерви на Централната банка

На прашањето за резервите на Централната банка на Турција, претседателот Ердоган одговори: „Го достигнавме нивото од 100 милијарди долари девизни резерви на нашата Централна банка.“


- Турција е една од земјите на НАТО која целосно ги исполнува своите должности

Во врска со членството во НАТО и обврските што произлегуваат со тоа, претседателот Ердоган го рече следното:

„Во моментов, Турција е меѓу првите 5 земјите членки на НАТО кои во потполност ги исполнуваат своите должности.“




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.