Турција, Коронавирус

Турција администрираше над 450.000 дози од вакцината против Ковид-19 во еден ден

„Денес дадовме 456.000 дози вакцина“, напиша Коџа на Твитер, цитирајќи ја неговата претходна објава, во која вели дека околу 448.000 лица чекале термин за вакцинација вчера.

Büşra Nur Çakmak  | 14.06.2021 - Обновена : 15.06.2021
Турција администрираше над 450.000 дози од вакцината против Ковид-19 во еден ден

АНКАРА

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека во Турција вчера биле дадени над 450.000 дози од вакцината против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА.

„Денес дадовме 456.000 дози вакцина“, напиша Коџа на Твитер, цитирајќи ја неговата претходна објава, во која вели дека околу 448.000 лица чекале термин за вакцинација вчера

„Постои вакцина, постои време. Не можевме да вратиме 8.000 луѓе назад само затоа што тие немаа закажан термин“, додаде тој.

„Турција исто така ја намали возраста за подобност на вакцините на 40“, изјави Коџа.

„Турција администрираше над 33,7 милиони дози вакцини против Ковид-19 откако започна масовната кампања за вакцинација во средината на јануари, вклучувајќи ги и првите дози на речиси една четвртина од населението во земјата со популација од околу 83,6 милиони“, објави Министерството за здравство во неделата.

„Повеќе од 20 милиони луѓе ги добија своите први дози, додека речиси 13,7 милиони се целосно вакцинирани“, според податоците на Министерството.

Во текот на минатата недела, во Турција се администрирани над 3 милиони дози на вакцините против коронавирусот.

Во текот на последните 24 часа во Турција се забележани 5.012 нови случаи на заразување, вклучувајќи 454 пациенти со симптоми. Бројот на нови случаи во саботата изнесуваше 6.076.

Вкупниот биланс на случаи во земјата е над 5,33 милиони, додека бројот на починати во целата земја достигна 48.721 со 53 нови жртви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.