Турција

Прв ден од 17-дневниот карантин во Турција: Улиците пусти, полицијата ги контролира дозволите за движење

Новите мерки ќе го опфатат целиот муслимански свет месец Рамазан, како и трите дена од празникот Бајрам

Gözde Bayar  | 30.04.2021 - Обновена : 01.05.2021
Прв ден од 17-дневниот карантин во Турција: Улиците пусти, полицијата ги контролира дозволите за движење Фото: Mesut Karaduman/АА

АНКАРА (АА) - Денес е првиот ден од 17-дневниот карантин во Турција кој е воведен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела објави дека целосното затворање на земјата започнува на 29 април од 19 часот до 17 мај, до 5 часот наутро.

Со новите мерки кафулињата и рестораните ќе нудат само услуги за достава, додека синџирите на супермаркети ќе бидат затворени во недела.

Ердоган изјави дека во рамките на новите епидемиолошки мерки, меѓуградските патувања ќе бидат можни само со дозвола, а јавниот превоз ќе работи само со 50 отсто од својот капацитет.

Фоторепортерите на АА ги забележаа празните улици во неколку градови во Турција, додека метеж има само на полициските пунктови каде што се контролираат дозволите за движење.

Новите мерки ќе го опфатат целиот муслимански свет месец Рамазан, како и трите дена од празникот Бајрам.

Во Турција досега се потврдени повеќе од 4,78 милиони случаи, над 4,25 милиони оздравени лица и 39.737 починати.

Откако за првпат се појави во Вухан во декември 2019 година, пандемијата на Ковид-18 одзеде над 3,15 милиони животи во 192 земји и региони.

Над 149.75 милиони случаи се регистрирани низ светот, а излекувани се речиси 87 милиони, според податоците кои ги собра американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.